18 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Нема повеќе зборови за тоа што го прави Меси, да можеше да се реинкарнира…

Најчитани вести

Најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси малку бавно ја почна сезоната, тоа го предизвика и повредата која го мачеше цел септември, но полека се враќа во посакуваната форма, на задоволство на сите искрени љубители на фудбалот.

Иако неговата минутажа беше скратена поради повредата и пропушти голем број натпревари, веќе стигна до четири гола и четири асистенции во Ла Лига. Синоќа против Ваљадолид едноставно експлодира, постигна по два гола и асистенции и најави дека најдоброто од него допрва доаѓа. Првиот гол беше ново ремек-дело, од слободен удар, потоа имаше две магични асистенции, а можеше да дојде и до хет-трик да беше малку попрецизен.

На натпреварот против Ваљадолид, Меси стигна до неколку јубилејни бројки: го постигна 100. гол под водство на Валверде, 100. гол за Барселона постигнат со шут надвор од шеснаесетникот и 50. гол од слободен удар. Освен сето ова, Меси сега има 608 гола во клупскиот фудбал, два повеќе од Кристијано Роналдо со 119 натпревари помалку. Во последните пет сезони Меси постигнал 20 гола од слободни удари, пет повеќе од Јувентус и седум од Рома, ПСЖ и Лион. Другите гиганти на европскиот фудбал дури и ги нема во топ-5.

На крајот на оваа статистика, уште еден податок кој и не оди многу на страната на Барселона и крие многу проблеми со кои се соочува каталонскиот клуб. До 24 септември Меси имаше само еден старт во тимот на Барса, а екипата оствари едвај победи на шест меча. Оттогаш Меси е постојано во почетната постава, а Барса оствари шест победи во низа. Какво ли ќе беше контото на овој тим ако аргентинскиот ас не се повредеше…

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести