-2.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

„Нема пенал, ВАР го изневери судијата“

Најчитани вести

Холандскиот судија Дани Макели донесе погрешна одлука во клучните моменти во полуфиналниот натпревар помеѓу Англија и Данска.

Макели во 104. минута падот на Стерлинг го виде како пенал. Судијата се консултира со колегите во ВАР-собата, но не побара да ја види снимката, туку остана при својата одлука.

Дилемата дали беше или не, ќе стои вечно. Славниот тренер Арсен Венгер смета дека Данска е оштетена.

„Немаше пенал. Не ми е јасно зошто не побараа од судијата да ја види снимката. Во вакви моменти многу е важно судиите да бидат сигурни во својата одлука. Во овој случај ситуацијата не беше јасна. ВАР го изневери судијата“, рекол Венгер гостувајќи во студиото на beIN Sport.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести