12.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

Нема отстапување на ингеренциите во урбанизмот

Најчитани вести

Струга пред година и пол побара отстапување на ингеренциите од областа на урбанизмот, но од Министерството за транспорт доби одговор дека не постои законска можност. Ова е ставот на првиот човек на локалната , по најавата на министерката за култура за одземање на ингеренциите на двете општини, поради како што вели негрижа за културното наследство.

Мерко тврди општина Струга се грижи за заштитеното подрачје и нема дивоградби на брегот на езерото.

„Ние немаме никаков проблем со заштита на природното и културното наследство, значи во целост е запазена зоната покрај езеро да нема градби во тој прилог сме одговорни и во никој случај не го загрозууваме културното и природното наследтсво“, вели градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

И Општина Дебарца е дел од УНЕСКО, од таму велат, заштитата треба да биде избалансирана, строго заштитеното подрачје да има построги рестрикции, но во останатиот дел од општините да се овозможи непречен урбан развој. За разлика од Охрид и Струга, каде се регистрирани стотици дивоградби во заштитениот појас на Дебарца има само една нелегална градба.

„Точно е дека проблемите и забалешките кои се однесуваат на регионот најмалку не засегаат нас, ние ги немаме проблемите кои ги имаат Општина Охрид и Општина Сруга, кај нас се помали, меѓутоа неспорно е тоа дека треба да се имплементираат сите збелешки кои се доставени од УНЕСКО“ , вели Зоран Ногачески.

Охридскиот градоначалник е изненаден од најавата на министерката за одземање на ингеренциите и тврди дека откако е донесен Планот за управување, сите дозволи за градба се усогласени со препораките на УНЕСКО.

Како одминува времето сѐ поизвесно е дека Охридскиот регион на следната сесија на УНЕСКО ќе се најде на листата загрозено светско наследство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести