Нема новозаразени од конго-кримска хеморагична треска, состојбата на хоспитализираната болничарка е стабилна, велат од Клиниката за инфективни болести. Имаат лекови да ѝ се спротивстават на болеста. Висока температура, треска, болки во зглобовите и мускулите, болки во стомакот се дел од симптомите.
Епидемиологот Олумчев, предупредува дека во зависност во кој стадиум е болеста предизвикана од убод од крлеж, може да биде сериозна. Апелира да се внимава, при прошетки во природа да се носи светла облека. Во случај на убод да се консултирате лекар, бидејќи не се знае дали е преносител.
Од Комисијата за заразни болести не очекуваат ширење на болеста. 40-те луѓе што биле во контакт со заразените се под надзор.
На критиките на опозицијата дека треската што ја пренесуваат крлежи се шири, а надлежните одмораат, од Министерството за здравство велат ВМРО-ДПМНЕ шири страв и паника кај граѓаните и здравствените работници, се преземаат сите мерки за да се спречи ширењето на болеста.