Поминаа десетина дена од лидерската средба, на која законот за јавно обвинителство го разгледуваа работните групи заедно со Христијан Мицкоски и Зоран Заев.
Нова средба меѓу работните групи досега не се одржа, а иако дел од медиумите информираа дека викендов ќе се одржи нова рунда преговори меѓу тимовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, од Министерството за правда потвдруваат дека таква средба нема закажано.
Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ достави свои предлози за кои премиерот Зоран Заев рече дека ќе бидат разгледани.