21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Нема ништо незаконско во набавката на вакцини од Кина, велат од СДСМ

Најчитани вести

Нема ништо противзаконско во набавката на вакцините од НР Кина, наведе СДСМ утрово преку соопштение.

„Додека целиот свет е во јагма по вакцини, Владата предводена од СДСМ, прави секакви напори за набавка на вакцини преку сите можни канали, а писмо со намери било доставено преку десетина фирми од неколку држави.

Со ова потона уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа што лажните вести на Мицкоски, ги брани Антонио Милошоски, осуден и казнет за кривични дела во Германија покажува колкав е очајот во белиот дворец.

Од ВМРО-ДПМНЕ во текот на целата пандемија видовме само лажни вести, дезинформации, опструкции, обиди за поткопување на здравствениот систем и лажна загриженост за здравјето на граѓаните“, наведе СДСМ преку соопштение.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести