17.8 C
Skopje
Sunday, June 13, 2021

Нема ЛШ за Манџукиќ, но тој и понатаму одбива да замине

Најчитани вести

Како што стојат работите Марио Манџукиќ и оваа сезона ќе ја помине во Јувентус.

Цело лето се пишуваше за заминување на хрватскиот напаѓач откако Маурицио Сари пристигна на клупата на Јувентус, Хрватот не се вклопува во тактичките замисли на стратегот на „старата дама“.

Многу клуобови покажуваа интерес за 33 годишниот играчи, а последната понуда која пристигна за него била од ПСЖ, но Манџукиќ ја одбил и оваа понуда.

Тој стана мета на ПСЖ откако се повреди Едисон Кавани бидејќи иднината на Нејмар се уште не е позната.

Сепак, Манџукиќ не сакал да го напушти клубот во последните денови од преодниот рок. Него му било соопштено дека многу веројатно нема да се најде на списокот играчи кои ќе конкурираат за настап во Лигата на шампионите, но и покрај тоа избрал да остане.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести