Home » Нема криза – рекордна заработка на Баерн

Нема криза – рекордна заработка на Баерн

by Lina Muslija

На редовното Собрание на најмоќниот германски клуб ќе биде обелоденета заработката од претходната фискална година, која е таква што ќе го засени резултатскиот неуспех.

Германските медиуми објавија дека на следниот состанок на највисокото клупско тело, извршниот директор на клубот Оливер Кан ќе ја презентира информацијата дека заработката на Баварците во претходната фискална година изнесувала 835 милиони евра.

Тоа е за речиси 100 милиони повеќе од претходниот рекорд, постигнат претходната година.

Така, Баварците во финансиска смисла галопираат напред од година во година, па иако оваа сезона веројатно ќе им биде една од најлошите во последната деценија, можеби и подолго (ако останат без титула, ќе останат и без трофеј), финансиската слика ќе го држат расположението на високо ниво.

На споменатото Собрание, Кан и неговиот близок соработник во Извршниот одбор, Херберт Хајнер, ќе бидат една од темите, односно нивната работа, бидејќи се на „тенок мраз“ по резултатската катастрофа во тековната натпреварувачка година.

Ќе се разговара и за статусот на спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, кој ќе поднесе извештај за неговата работа.

Во текот на сезоната, Баерн го смени тренерот Јулијан Нагелсман во период кога беше водечки на табелата и играше во Лигата на шампионите. Со доаѓањето на Томас Тухел, Баварците беа елиминирани од Европа, па од Купот и го загубија првото место на табелата во Бундеслигата.

Доколку денес Борусија го победи Мајнц на домашен терен, ќе стане шампион на Германија.


You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk