Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние дека нема конкретна информација за евентуалната посета на претседателот Емануел Макрон на Скопје и Тирана, која тој самиот во Брисел ја најави како можност за наредните месеци.
„Во моментот немам конкретна информација за тоа. Претседателот навести дека би сакал да дојде во наредните месеци во двете земји, но во моментот немам дополнителни информации. Би сакал само да додадам дека тоа беше пред најавата за избори“, изјави Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата за француските позиции во однос на недавањето на датум на нашата земја и на Албанија на Самитот на ЕУ во Брисел.
Според него, за евентуалната посета се водат преговори меѓу соодветните нивоа на двете земји и за тоа ќе треба да поразговараме со двата партнери во однос на датите.