10.6 C
Skopje
Saturday, October 16, 2021

НЕМА ИНТЕРЕС: Од денеска нема вакцинирање во А1 Арена Борис Трајковски

Најчитани вести

Од денеска нема примаење вакцини во малата сала во спортскиот центар А1 Арена „Борис Трајковски“.

Неофицијално пунктот е затворен поради намалениот интерес за имунизација, јавува Сител, но од Министерството за здравство објаснуваат дека причината е зошто просториите биле потребни за други активности.

Пунктот беше отворен откако првата недела од август по најавата дека без една доза нема влез во угостителски објекти, молови или на настани пред скопските поликлиники имаше големи гужви за вакцинација. Во салата беа поставени 20 позиции за боцкање, се аплицираше вакцината од производителот Фајзер, а дневно се имунизираа и по 700-тини граѓани.

Сите граѓани кои прва доза изминатите 3 недели примиле на ова место, за ревакцина можат одат во било која од поликлиниките во главниот град.

  • На територија на град Скопје, вакцинацијата се одвива во 7 поликлиники. Во две смени работат поликлиниките „Букурешт“, „Јане Сандански“ и „Чаир“. Во една смена работат поликлиниките во Ѓорче Петров, Драчево, Ченто и Шуто Оризари, велат од МЗ.

Во петокот поради истекот на рокот беа повлечени и ќе бидат уништени на Дрисла 13.000 дози Фајзер од бугарската донација која се состоеше од 51.480 вакцини.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com