7 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Нема докази дека Нејмар силувал Нема докази дека Нејмар силувал бразилска манеканка, случајот е затворен

Најчитани вести

Полицијата во Бразил го затвори случајот против Нејмар за силување на манекенката Наџила Триндаде поради недостаток на докази.

Нејмар помина без последици од оптужбите на бразилската манекенка Триндаде дека тој ја силувал во хотел во Париз во мај.

Нејмар ги негираше таквите обвинувања. Полицијата почна истрага по барање на манекенката, но сега го затвора случајот поради недостаток на докази.

Нејзината приказна е дека таа дошла во хотелот на покана на Нејмар, но тој ја присилил на секс, го молела да престане, но фудбалерот одбил да го стори тоа, а неколку пати и ја удрил.

Манекенката ја обвини полицијата дека е корумпирана, а повеќе адвокати одбија да ја бранат, според неа од исти причини.

Полицијата го затвори случајот поради недостаток на докази и го предаде на обвинителството кое има 15 да ја донесе конечната одлука.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести