13.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Нема договор за платите во образованието

Најчитани вести

Власта и просветарите не се договорија за висината на покажување на платите во образованието. По средбата со СОНК, министерот за образование Арбер Адеми рече дека не е постигнат договор. Пред неколку денови Синдикатот го одби предлогот на Владата покажувањето на платите да биде 10 проценти и најавија дека на 11 ноември ќе има генерален штрајк. До крајот на неделата пак ќе има средба.

„Ќе преговараме до последна минута, нема зијан од дијалог, заслужуваат поголема плата, но треба да се направат анализи до каде можеме, а и СОНК треба да размисли“, рече министерот Адеми.

Тој смета дека нема потреба од штрајк.

Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков, вели дека советот не се согласил околу тоа од кога треба да биде покачувањето. Власта предлага тоа да биде од април, а СОНК бара со почетокот на годината, а бараат и повеќе од 10 отсто повисоки плати.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com