8.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

„НЕМА ДА БИДЕ КРАЈ НА СВЕТОТ“ Почнува сезоната на претстави во МНТ

Најчитани вести

„Нема да биде крај на светот“ од авторот Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ е најновиот проект што почна да се подготвува на сцената на Македонскиот народен театар. Проектот е во продукција на „Перипетија продукција“, a во копродукција со Македонскиот народен театар и Сараевски ратни театар — САРТР од Сараево, Босна и Херцеговина.

Како што информираат од МНТ, бидејќи станува збор за копродукциски проект меѓу два театри, претставата ќе има две премиерни изведби во двете земји.

„Првата премиера ќе се одигра на 18 септември на сцената на САРТР  – Сараево, БиХ, а втората премиера е предвидена за ноември на нашата матична сцена, согласно протоколарните мерки за заштита од ковид-19. Оваа драма и оваа претстава се занимаваат со рушењето на интимните светови. Сите три лика од оваа драма под кожа ја носат пропаста на сопствениот свет. Односно, светот каков што го замислувале за себе, за кој се бореле, кој го граделе или за кој мислеле дека ги чека, а тие требало само да му излезат пресрет… Собрани под покривот на куќата во која се случил распадот на нивниот заеднички, семеен свет, тие своите индивидуални кршења си ги откриваат едни на други“, се појансува во соопштението на МНТ.

Костимограф на претставата е Ивана Каранфиловска-Угуровска, а сценограф е Ангел Петровски.

Изборот на музиката и адаптацијата е на Оливер Митковски, во претставата се користи и композицијата „Магдалена“ од Димитар Масевски, а како соработник за македонски јазик се потпишува  Ѓорѓи Јолевски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com