Иако и претходно се најавуваше дека Грција без својот најдобар кошаркар Јанис Адетокумбо ќе настапи на престојното Светско првенство, сега е дефинитивно и потврдено. Грците до последен момент го чекаа својот кошаркар, меѓутоа НБА ѕвздата ќе мора да го пропушти.
Центарот на грчката репрезентација и на Милвоки го напиша тоа и на социјалните мрежи.
„После неколку месеци работа и повеќе состаноци со медицинскиот тим јасно е дека не сум подготвен да се натпреварувам на ниво кое е потребно за да учествувам на Светското првенство“, напиша Адетокумбо.
Грција со тоа ќе биде драстично ослабена на овој Мундијал. Ривалите на нашиот јужен сосед се САД, Нов Зеланд и Јордан.