9.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

НЕМА ВЕЌЕ ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА БЕЗ ТЕСТ Ќе се бара негативен ПЦР или потврда за вакцина

Најчитани вести

За влез и за излез на сите граѓани од Македонија, без разлика дали се домашни или странци, ќе се бара негативен ПЦР тест, потврда за вакцинација или доказ за прележаност.

– Утре ќе се разговара кога тоа ќе се имплементира зашто сега голем број граѓани се надвор од државата – рече министерот Венко Филипче денеска на прес конференција.

Тој рече дека епидемиолошката слика со вирусот ковид-19 во земјава станува сериозна, се зголемува бројот на пациенти на кои им треба хоспитализација. Најголем притисок има во болниците во Тетово, Гостивар и во Струга. Во Тетово се хоспитализирани 90 пациенти, а 70 во Гостивар. Болницата во Лешок е полна со пациенти, а викендов имало притисок и во болниците Скопје.

– Од денеска почнуваат со работа модуларната болница и Инфективното одделение во „8 Септември“, еден тријажен центар во Институтот за ТБЦ и два тријажни центри, најверојатно во поликлиниките Јане Сандански и во Ѓорче Петров. Има доволен број сестри, лекари и цел медицински персонал – рече Филипче.

Тој додаде дека нема пациенти во болниците во Битола, Прилеп и во Штип, каде што имаше голема прележаност.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com