Home » Нема активни пожари во земјава

Нема активни пожари во земјава

by Журнал.мк

Нема пријави за активни пожари на отворено, велат од Центарот за управување со кризи. Пожарникарите вчера интервенирале на 50 локации. И дождот удри по огнените јазли.

Меѓу пожарите кои вчера избувнале се пожарите во село Страчинци (сува трева и грмушки), село Орланци (ѓубриште), село Волково (сува трева и грмушки) и депонијата Вардариште во Скопско, потоа депонијата Буково во Охридско, ѓубриште во близина на Глобочичко езеро, Струшко, потоа ниска вегетација во село Отовица, трева и трња во необработени ниви околу 17 хектари на местото Топот во Велешко.

Во Светиниколско имало пожар во Кривчева река во близина на Свети Николе, каде гореле нискостеблеста шума, стрништа, викендици и помошни простории, во Тетовско ниска вегетација покрај патот кон Попова Шапка, а во Битолско имало повеќе од 10 пожари,

Во Прилепско горела ниска вегетација во село Канатларци, ниска вегетација во село Алинци, ниска вегетација во село Тополчани кон село Тројкрсти, како и депонија и ниска вегетација кај село Дебреште, во Струмичко горело стрниште, ниска вегетација и ѓубре во село Секирник, површина од 2 до 3 ха, во Богранци нискостеблеста шума, прнар и ниска вегетација кај м.в. Брдаров камен, како и нискостеблеста шума – прнар село Николич.

Повеќе пожари имало и во Кумановско, Радовишко, Виничко, како и во атарите на Старо Нагоричани, Крива Паланка и Ранковце.   

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More