Неколку ситуации во кои е важно да пиете вода

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Еве неколку ситуации кога на телото му е најпотребна вода.

Откако ќе се разбудите

Чаша ладна вода откако ќе се разбудите му дава сигнал на телото дека е време да се раздвижи.

Пред оброк

Чаша вода пред оброкот ќе ви помогне да останете подолго сити, што значи дека и помалку ќе јадете. Исто така, кога организмот ќе е хидриран и е подготвен за храна.

Кога сте гладни

Ако огладнете пред оброк, најпрво испијте голема чаша вода за да бидете сигурни дека организмот не е дехидриран, затоа што често луѓето гладот го мешаат со жедта.

Пред тренинг

За да спречите дехидратација, пијте вода пред тренинг. Исто така, важно е да пиете вода за нормална циркулација и правилно функционирање на организмот.

После тренинг

Пијте вода и после тренинг, за да ја надокнадите течноста која сте ја изгубиле преку потење. Но, не пијте премногу за да не ви се створи чувство на нелагодност во стомакот.

Кога сте уморни

Доколку сте уморни и би сакале да дремнете попладне, испијте чаша вода.

Уморот е една од начестите знакови на дехидратација. Бидејќи водата брзо се движи низ телото, ќе дојде до мозокот и ќе ви ја крене енергијата.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.