Во дводневните обилни дождови во Јужна Кореја загинаа најмалку седум лица. Двајца се исчезнати во лизгање земјиште и во поплавите, три лица загинаа откако свлечиштата предизвикани од поројните дождови ги затрупаа нивните куќи во два централни града.
Се наведува дека уште две лица биле пронајдени мртви на друго место во несреќи поврзани со лизгање земјиште, а уште две лица загинале во уривање на зграда предизвикана од лизгање на земјиштето во централниот град Нонсан во петокот.
Евакуирани се повеќе од 1.500 луѓе, а илјадници домаќинства останаа без електрична енергија во изминатите неколку дена.