21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Некои од челниците на Барса во 2017 година не дозволиле клубот да го ангажира Мбапе

Најчитани вести

Барселона во 2017 година можела да го ангажираат Килијан Мбапе, но некој во клубот проценил дека парите од трансферот на Нејмар треба да бидат вложени во Усман Дембеле, тогаш играч на Борусија Дортмунд.

Килијан Мбапе во вторникот со хет-трик практично ја елиминира Барселона од Лигата на шампионите. ПСЖ славеше во првиот осминафинален меч со 4:1, а реваншот ќе го одигра на домашен терен за три недели.

Жуниот Мингуела, човекот што ги застапува интересите на Мбапе, открил дека Мбапе имал желба да се пресели од Монако во Барселона, но во клубот од „Камп ноу“ сметале дека не треба да издвојат повеќе од 100 милиони евра за играч што сè уште не се докажал.

„Тој имаше желба да игра за Барселона, но од клубот инсистираа на трансферот на Усман Дембеле. Некои од членовите на раководството на Барселона рекле дека тој е никој и ништо, дека не направил ништо за да стане член на еден толку голем клуб и дека би било лудо за него да се издвојат над 100 милиони евра“, рекол менаџерот на Килијан Мбапе.

Мингуела дополнил дека трансферот требало да изнесува околу 130 милиони евра и дека годишната плата на Мбапе требала да биде помеѓу 10 и 16 милиони евра.

Неколку години подоцна, во Барселона сигурно се свесни за грешката што ја направиле. Мбапе се промовира како легитимен наследник на Меси и Роналдо, а засилувањата што пристигнаа во клубот, а за кои клубот потроши многу пари, не ги оправдаа очекувањата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести