-4 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Некогаш најубавата лото девојка и во седмата деценија мами погледи

Најчитани вести

Ретко која јавна личност на овие простори предизвикува така долго интерес во јавноста и медиумите како што тоа е случај со Сузана Манчиќ. Имено, таа е најпознатата и една од најубавите поранешни лото девојки, а не е тајна дека и денес инвестира многу во својот изглед.

– Константно се негувам, но морам да признаам дека понекогаш ми здосадува, ме заморува тој терор на кој сама се изложувам. Потоа правам кратка пауза, па се отпочеток. Воведов мезотерапија, боцкање и внесување на серум богат со витамини во кожата, терапија со радио бранови…. Од домашна нега, задолжителни ми се серумите, пред ноќната и дневната крема, аргановото масло, богати маски. Се негував цел живот. Доколку за себе не сте воделе сметка и сте се одлучиле по педесеттата да започнете, резултатите ќе ви бидат слаби, изјави таа за едно интервју.

Но, грижата за лицето и телото не е единствена кога станува збор за Сузана Манчиќ. Имено, таа, доколку судиме според објавите на Инстаграм, доста инвестира и во својата гардероба, па може да се каже дека и во седмата деценија е вистинска фешн-дама.

https://www.instagram.com/p/BsavSW0B5ps/?utm_source=ig_embed

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести