И ако само на изглед се чини дека е рано, тоа не е. Тамам е на време, најавата за Големиот солистички концерт на македонската поп-ѕвезда Владо Јаневски.
Ќе се оддржи на 16-ти ноември во “Македонска филхармонија“. Жива вистина е дека Јаневски постана со години еден од најретките македонски естрадни ликови кои не застанал со кариерата, а и припаѓа на релативно постарата плејада на наши пејачи.
Организтаорот на овој концерт “Авалон-продукција“ со тоа ја најавува својата есенско-зимската сезона. Пејачот и ако има премногу незаборавни песни тој секогаш публиката ја изненадува и со новите. И со песните, но и со видео спотовите.
Просторот на “Македонска филхармонија“ воедно за Владо ќе биде и дупло задоволство. Во едно поинаква средба со публиката, а тоа не се дискотеки или стадиони, пејачот ќе има поинтимна комуникација со своите обожаватели. Влезниците по цена од 1.500 денари се веќе пуштени во продажба. (foto>FB)