Во 21 век срамно и погубно е да се остави туристички Охрид трета година по ред,без уредени плажи.Последиците од неажурноста на надлежните институции кои 5 години не ги понудија плажите под коцесија и не се потрудија барем да најдат преодно решение,се катастрофални -вели охридскиот градоначалник Пецаков.Тој го повика министерот за транспорт и врски да каже зошто сеуште не е готов планот за управување со охридското крајбрежје кој што го работат заедно со Агенцијата за просторно планирање.
- “Иднината и не му е баш така сјајна,кога велам иднината мислам на блиската иднина.Според сите параметри кои ги имаме и состаноци кои што се безмалку редовни со засегнатите страни, не би се донесол ни во наредни 2 години.Тие уште не ги имаат нити подлогите добиено за да го изработат тој план за управувавње на охридско крајбрежје”дециден е Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.
- „Значи се работи,таму има и одредени дополнитени студии кои што согласно процедурите на Унеско треба да бидат изработени” изјави Благој Бочварски-министер за транспорт и врски.
Ова значи декапред почетокот и на ова лето, постапката за уредување на крајбрежјето нема да биде завршена.Пецаков бара начин како да се уредат барем дел од плажите. Рушењето на плажите пред 2 години велат поранешните концесионери служеше како параван со кој пред Унеско се прикриваат огромниот број на дивоградби. Кога станува збор за препораките на Унеско,по реакцијата на невладините кои обвинија дека од 19-те клучни препораки кои требаше да да се исполнат со цел Охрид да не го загуби статусот на заштитено подрачје, државата реализирала само 4 и тоа делумно, Пецаков потврдува дека не се исполанети сите препораки кои зависат и од централната и од локалната власт.
- “Ако сите овие работи кои што ги имаме како препораки ги ставиме како една вкупна сума доаѓаат од прилика 12 милиони евра .Тие 12.милиони евра Општона Охрид сама за жал јас отворено кажувам не може да ги обезбеди”рече Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.
Ова не се проблеми од вчера, охридскиот регионот е под постојан притисок од големи инфраструктурни проекти, зголемено загадување до неконтролиран урбан развој и крајбрежна експлоатација буквално 30 години наназад без исклучок-додава Пецаков.