12 C
Skopje
Saturday, February 27, 2021

Неизвесен трансферот на Бејл во Кина

Најчитани вести

Трансферот на фудбалерот на Реал Мадрид Герет Бејл во кинескиот Јиангсу Сунинг по се изгледа пропаднал.

Иако се беше договорено и само се чекаше кога Бејл ќе замине во Кина, каде требаше да потпише тригодишен договор вреден 22 милиони евра по сезона, објавена е веста дека трансферот пропаднал.

Причината поради која Велшанинот се поколебал да замине во Кина е неговото семејство кое успеало да го убеди да не оди.

Шпанските медиуми наведуваат дека 30-годишниот напаѓач одлучил да земе неколку слободни денови за да размисли околу конечната одлука, а дека Кинезите му дале рок до 31 јули да им го даде конечниот одговор.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести