7.8 C
Skopje
Monday, November 29, 2021

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ бара да биде вклучена во преговорите за промени на Изборниот законик

Најчитани вести

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ бара да биде вклучена во преговорите за најавените промени на Изборниот законик. Во парламентарна демократија како што е нашата, велат тие, пратениците треба да имаат шанса за вистински придонес во развојот на важните процеси.

„Во интерес на јавноста, најавуваме дел од точките за кои ние како ваши избраници ќе се бориме – Намалување на бројот на пратеници со што ќе добиеме поголема ефикасност и ќе намалиме средства кои може да се насочат во подобрување на животот за нашите граѓани, ќе бараме конечно да има застапеност и на лица со посебни потреби на листите, ја поддржуваме идејата за рамноправна застапеност на жените и мажите и охрабруваме да се најде решение со кое ќе се гарантира застапеноста на помалите етнички заедници“, се вели во соопштението.

Пратениците велат дека ќе бидат конструктивни партнери во преговорите и ќе ја застапуваат нивната заложба за поголема демократија во начинот на избор на пратеници што ќе придонесе за разноликост, инвентивност и можност за презентација на различни ставови. „Концептот за отворени листи е добра почетна основа за која треба дополнително да се разговара.
За крај, уште еднаш апелираме да бидеме вклучени со свои претставници во преговорите за промена на изборниот модел“, велат од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com