Home » Недостатокот на овој минерал предизвикува грчеви во мускулите, но и анксиозност и депресија

Недостатокот на овој минерал предизвикува грчеви во мускулите, но и анксиозност и депресија

by Журнал.мк

Магнезиумот е важен минерал кој помага во борбата против секојдневниот стрес, исклучително е важен за мускулите и нервниот систем, а влијае и на концентрацијата и сонот.

Помага да се победи несоницата и да се подобри спиењето, а помага и мускулите побрзо да се опуштат.

Многумина страдаат од болки и грчеви во нозете кои го нарушуваат сонот, а најчеста причина за тоа е недостатокот на магнезиум, кој е неопходен за опуштање, контракција на мускулите и нормално движење.

Магнезиумот особено во стресните ситуации поволно влијае на организмот и општо, на нервниот систем. Минималниот дневен внес на овој минерал е околу 300 милиграми (телото апсорбира нешто помалку од 200 милиграми), но високите нивоа не се препорачливи бидејќи може да бидат штетни по здравјето.

Природни извори на магнезиум се зелениот лиснат зеленчук, мешунките, интегралниот ориз, целите житарици, соините и сончогледовите семки, јаткастите плодови, млечните производи, месото, рибата, чоколадото со минимум 70 отсто какао, непреработената морска сол итн. Но, треба да се знае дека со термичка обработка се губат дури 50 до 70 отсто од овој минерал, како и со замрзнување (до 40 отсто) и рафинирање (до 99 отсто).

Недостатокот на магнезиум дополнително предизвикува и претерана консумација на алкохол, кафе и претеран внес на рафиниран шеќер. Долготрајниот недостаток на магнезиум се манифестира со грчеви во мускулите, се јавува чувство на вкочанетост и боцкање. Препорачаниот дневен внес на магнезиум за здрава возрасна жена е 350 милиграми на ден, а за возрасен маж, трудници и доилки е 450 милиграми.

Докажано е дека магнезиумот директно влијае на расположението и ако има недостаток, предизвикува анксиозност и депресија. Имено, директно делува на рамнотежа и лачење на хормонот на среќа, серотонинот, и само кога го имаме доволно во организмот, се чувствуваме опуштено.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More