17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Неделков: Штрајкот не е избрзан туку е задоцнет, законот за минимална плата мора да се почитува

Најчитани вести

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков за Утрински брифинг вели дека сите синдикални организации кои што членуваат во СОНК, како и оние кои што доброволно сакаат да се приклучат кон штрајкот ќе штрајкуваат.

-Сметам дека штрајкот не е избрзан туку задоцнет. Тоа е од причина што ова е финишот од недоразбирањата во однос на примената на Законите и колективните договори. Ова прашање го актуелизираме наназад 4 години. Не би сакал да се политизира социјалниот статус на дејностите кои ги застапуваме. Уште од 2017 и 2018 година почнавме со протести и сметаме дека мора да се применува Законот за минимална плата. Затоа прашувам зошто толку време не се усогласени платите, па да поверувам дека за шест месеци ќе се усогласат, вели Неделков.

-СОНК докажа дека сака да седне и да преговара и да се остварат правата. Не сакаме да се добие впечаток дека по секоја цена сакаме да штрајкуваме. Ние протестираме, штрајкуваме за непочитување на Законите и колективните договори, вели Неделков за Утрински брифинг.

Неделков вели дека очекува деновиве да се седне со Владата и да се најде заедничко решение во однос на зголемување на платата. Мора да се најде системско решение, вели претседателот на СОНК.

Битиќи се согласува со СОНК дека е задоцнета мерката на усогласување на платите веќе 20 години.

-Ние како Влада не сме против покачување на платите. Подобрувањето на животниот стандард на граѓаните е највисок приоритет на оваа влада. Рековме дека ќе има и усогласување, но треба да сме свесни за состојбите, вели Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања за Утрински брифинг.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com