17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Неделков од СОНК: Почнаа жестоки напади врз штрајкувачите, ако мислите дека ќе ги поколебате, страшно се лажете

Најчитани вести

Ако мислите да ги поколебате штрајкувачите и се надевате дека ќе го прекинат штрајкот што е нивна лична одлука, страшно се лажете, пишува во фејсбук-објавата на претседателот на СОНК, Јаким Неделков, објавена синоќа, на шестиот ден од генералниот штрајк во градинките и училиштата ширум земјава
Шести ден од штрајкот на СОНК и веќе отворено почнаа жестоките напади врз штрајкувачите и раководството на СОНК. Значи, ако мислите да ги поколебате штрајкувачите и се надевате дека ќе го прекинат штрајкот што е нивна лична одлука, страшно се лажете. Единството е како никогаш досега, оправданоста на барањата, исто така. Значи, џабе ви е.

Ова на својот фејсбук-прифил го напиша првиот човек на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, синоќа, на шестиот ден од генералниот штрајк во градинките и училиштата ширум земјава, откако СОНК ја одби понудата на Владата за зголемување на платите за 10 отсто во секторите образование и детска заштита, а штајкот во овие дејности продолжи и натаму.

„Обид за лична и колективна дискредитација на раководството на СОНК . Со нарачани текстови по одредени портали се прави обид за стекнување на недоверба кон раководството и обид за прекин на штрајкот. Колективната дискредитација е во правец на обидот од владини функционери да претстават во јавноста дека раководството на СОНК заради лични интереси не ги прифаќа понудените 10 проценти?! Без ниеден аргумент многу лесно обвинуваат и навредуваат, иако многу јасно неколку пати во текот на преговорите им беше кажано дека сите одлуки што ги носи раководството на СОНК ( Советот на СОНК ), се носат по претходно изјаснување на членовите на СОНК. Така беше и овој пат, што е спорно тука? Според владините претставници требало Советот да донесе „разумна“ одлука, игнорирајќи го 95 процентното изјаснување на членството“,

стои во фејсбук-објавата на Неделков.
Како што додава Неделков во фејсбук-објавата, одредени медиуми и владини претставници вршат обид за пласирање на тезата оти СОНК е виновникот за штрајкот и прекинот на наставата. барањето на Владата, додава Неделков, е прво да го прекинеме штрајкот па потоа да преговараме.

„Ова не е класична уцена? Ве замолувам да прекинете со притисоците што ги вршите врз нашите но и ваши партиски членови. Овојпат разберете ја пораката што ви ја праќаат со непослушност. Овојпат се работи за сопствена егзистенција и враќање на достоинството на професијата што ја застапуваат“,

пишува Неделков во фејсбук-статусот.
Како што истакна Неделков, зад штрајкот на СОНК стојат 25 000 членови, но и луѓе кои не се членови во Синдикатот, кои, како што додава, без разлика на синдикална, партиска, верска, национална и било каква припадност, рамо до рамо, заеднички штрајкуваат за социјални и законски права, верувајќи му на раководството на СОНК.

Во реакција на штрајкот на СОНК, Социјалдемократскиот сојуз, преку соопштение утрово истакна оти во оваа ситуација, раководството на СОНК е одговорно за тоа што учениците не го остваруваат правото на образование, додавајќи оти правото на штрајк е загарантирано со Устав, исто како и правото на образование.

„Владата предводена од СДСМ предложи конкретен предлог за зголемување на платите во образованието и детската заштита од 10 проценти или во просек над 2 500 денари. СОНК со одбивањето на оваа понуда ги продолжува уцените на штета на образовниот процес на учениците и ги става личните интереси пред интересот на децата“,

стои во реакцијата на СДСМ.
Тоа што СОНК смета дека 10 отсто или покачување на платите меѓу 2 500 и 3 000 денари не е доволно, додаваат од партијата, не може да се смета за разумен став туку за притисок, со што е јасно дека СОНК личните интереси ги става пред оние на децата.

„Од 2017 до денес, СДСМ платите ги покачи за 21 процент. Со овие дополнителни 10 проценти тоа би значело 31 отсто покачување што за СОНК во услови на светска економска криза е недоволно. За споредба, од 2011 до 2016 година во времето на ВМРО-ДПМНЕ платите во образованието беа покачени за само 4 проценти. Раководството на СОНК треба да одговори зошто тогаш на толку мали плати немало уцени“,

додаваат оттаму.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com