15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Недела нема да е неработен ден за сите

Најчитани вести

За нормално функционирање на државата факт е дека ќе има можност одредени работодавачи/правни субјекти да работат но само во определени дејности и тоа само оние работодавачи кои ќе можат да покажат дека технолошко-производствените процеси не смеат да се прекинат (значи не сите работодавачи во тие определени дејности!). Останатите работодавачи (и тие работодавачи чии технолошко-производствени процеси смеат да се прекинат во наведените дејности а и сите работодавачи во дејностите кои не се наведени во исклучоците) нема да смеат да работат. 

Во случај да го прекршат законот и да работат во недела, од Владата истакнуваат дека ќе следи соодветна ригорозна казнена мерка.

За работниците во дејностите кои ќе спаднат под исклучоците, работодавачите ќе треба да им го платат работењето во недела согласно законите и колективните договори и ќе треба да одредат друг ден кој ќе биде ден за неделен одмор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести