16 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Неделава можно финализирање на петтиот пакет мерки, февруари клучен за реализација

Најчитани вести

Петтиот пакет антикризни мерки се очекува да биде финализиран неделава ако се постигне консензус со сите засегнати страни. Ќе тежи околу 150 милиони евра и никој нема да биде изоставен. Средствата се предвидени и за граѓаните и за стопанството, посебно за најпогодените од пандемијата.

Како што рекоа вчера вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за економија, Крешник Бектеши, се очекува февруари да биде клучен за реализација на петтиот пакет. Поддршката за платите нема да изостане, но се разговара за две опции, дали да продолжи поддршката како досега или да се замени со бескаматни кредити. Но, и доколку евентуалното има супституирање на оваа мерка со новата – за поддршка на плати преку кредитната линија на Развојната банка, критериумите би требало да останат исти за помошта да ја добијат сите на кои им е потребна.

Битиќи очекува економските мерки да бидат поддржани од опозицијата која, според него, јавно кажува дека е за поддршка на граѓаните и на стопанството во целина.

– Петитот пакет економски мерки ќе тежи меѓу 50 и 60 милиони евра како директни буџетски импликации, но како фискални импликации ќе изнессува околу 150 милиони евра. Ќе има финансиска поддршка за платите исто како што беше и претходно затоа што и претходната помош не беше безусловна. И порано требаше да се исполнат одредени услови за помошта да стане неповратна истиот механизам го користиме и сега. Се разговара за двете опции со синдикатите, стопанските комори и сите други – да се продолжи со поддршката како и досега или таа да се замени со бескаматни кредити. Оваа недела ќе треба заеднички да решиме со сите засегнати страни која е најдобрата мерка имајќи предвид дека полека заздравуваме и влегуваме во рестарт на економијата, изјави Битиќи според кој, се уште се разгледуваат деталите за да биде точно утврдена вредноста на пакетот.

Во сетот мерки е предвиден и отпис на каматите за заостанатите долгови на граѓаните кон јавните претпријатија на локално или на национално ниво, а тоа, нагласи Битиќи, значи поголема директна помош.

-Во целиот пакет има повеќе од 20 мерки од кои ќе дојдат доволно средства до тие кои се најзагрозени. Ако има потреба, во наредните месеци ќе има нови мерки за граѓаните. Никој не е изоставен од мерките, бидејќи сите граѓани нам ни се битни и ќе бидат опфатени со различните мерки во различните пакети што ги носиме. Како Влада знаеме дека се уште ќе се справуваме со КОВИД-19 и затоа креиравме програми во ресорните министерства, а некои ги дополнивме со финансиски средства за граѓаните, објасни вицепремиерот.

Во однос на поддршката за компаниите, Битиќи потенцира дека не се размислува за критериуми преку кои на некои бизниси ќе им се каже – сега нема пари.

– Никој нема да биде изоставен. Следиме дека се намалува бројот на компании и работни места за кои е потребна поддршка и имаат пад поголем од 30 отсто. Ако во април имаше 128 илјади вработени на кои им требаше финансиска поддршка од 14.500 денари, во декември има околу 60 илјади вработени од околу 11 илјади фирми кои ја искористиле оваа поддршка и добиле просечно 15.800 денари, истакна Битиќи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести