Невреме проследено со град со големина на јајце, силен ветер и врнежи, синоќа ги зафати селата Канарево, Цвиланце, Бајловце, Брешко, Аљинце во општина Старо Нагоричане.
Од Центарот за управување со кризи информираа дека почвата за десетина минути станала бела, а паѓал и силен дожд проследен со ветер.
Од општина Старо Нагоричане потврдуваат дека со невремето се зафатени неколку села од козјачијата. Комисијата треба да излезе на терен и да изврши увид во предизвиканите штети.