Home » „Невозможната мисија“ Tyga во Македонија со фантастична реализација

„Невозможната мисија“ Tyga во Македонија со фантастична реализација

by Журнал.мк

Конечно добивме одговор на најголемата мистерија во последните 6 месеци во Македонија – дали е можно во нашата држава за прв пат во историјата да дојде актуелна светска мегазвезда? Одговорот е „да“.

На огромна радост на армијата фанови од цел Балкан, „Fusion Festival“ го оствари невозможното и на Стадионот на АРМ бевме сведоци на „светско чудо“ со фантастичен перформанс на пионерот на современата хип-хоп сцена – Tyga.

„Прв пат доаѓам во Македонија, фантастично гостопримство, фантастична публика, перфектна организација, ветувам дека повторно ќе се дружиме и лудуваме“, вели Tyga.

Најголем доказ за ова е фактот што менаџментот на Tyga дозволи комплетното шоу да се снима, a во наредните денови се очекуваат видео материјали од спектаклот.

Секако ова претставува огромен успех на „Fusion Festival“ со кој може да се гордее цела Македонија.

Важно за напомена, светската продукција со Tyga со одлични перфоманси ја поделија нашите најдобри претставници на современата хип-хоп сцена Irie Scrach, Dj Pancho aka Shorty P и Young Dadi, со луда завршница на нашиот најперспективен диџеј Ампов!

„Fusion Festival“ изразува огромна благодарност до сите фанови и град Скопје како поддржувач на настанот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More