33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

НЕВЕРОЈАТНО НО ВИСТИНИТО! Полицијата стави папагал во притвор затоа што крадел со сопственикот!

Најчитани вести

Папагал престојувал во одделот за притвор во Утрехт, Холандија, затоа што бил дел од грабеж или очевидец на злочинот извршен од неговиот сопственик. Затоа што сопственикот и папагалот почнале да крадат заедно

Според локалната полиција, тие го уапсиле човекот минатиот четврток, откако го фатиле како ограбува продавница. За време на апсењето, човекот имал милениче на рамото, па ја однеле птицата заедно со сопственикот во полициската станица.

На осомничениот наскоро му бил одреден притвор и бидејќи полициските службеници немале кафез за птици и не знаеле кому да му го доверат на чување, тие го сместиле папагалот во една од затворските ќелии.

Потоа, на нивниот официјален профил на Инстаграм објавија фотографии од „уапсениот“ папагал, објаснувајќи како папагалот стигнал до нив.

– По распитот на осомничениот, донесено е решение и тој и миленичето да бидат приведени. Секако, ние се грижиме за обајцата – стои во описот на фотографијата.

– Птицата не е испрашувана и колку што знаеме не е виновна за никакво обвинување – додаде полицијата со малку хумор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести