4 C
Skopje
Wednesday, March 3, 2021

Неверојатни бројки на Мануел Ноjер – Срушен рекордот на Оливер Кан

Најчитани вести

Во изминатиот ден, Мануел Ноjер постави нов рекорд во Бундеслигата по победата од 4-0 против Шалке. Баерн обезбеди победа без примен гол, а ова значеше дека Ноjер успеа да ја зачува празната мрежа на 197. натпревар. Германскиот репрезентативец важи за еден од најдобрите голмани во светот на фудбалот, а оваа „титула“ сега ја потврди уште еднаш.

Имено, Мануел на овој натпревар успеа да ја сочува мрежата и на тој начин го сруши рекордот на германската легенда и играч на Баерн, Оливер Кан.

Токму од Шалке, Ноjер пристигна во Баерн во 2011 година за 30 милиони евра, а досега има одигра 413 натпревари за Баерн Минхен, тим во кој три пати ја освои Бундеслигата, во Купот на Германија двапати го крена пехарот, а еден трофеј освои и во Лигата на шампиони.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести