14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Невакцинираните ученици во Грција во школо ќе можат само со негативен тест

Најчитани вести

Грчките основци и средношколци се вратија на училиште, но доколку не се вакцинирани, мораа да понесат потврда за негативен резултат од тестот за Ковид, за што ги сносат трошоците.

Истот важи и за сите вработени во приватниот и јавниот сектор кои не се вакцинирани.

Денот на враќање во училиштата се совпаѓа со стапување во сила на новите задолжителни мерки за невакцинираните лица на возраст од 12 години и повеќе. Повеќе од 5,7 милиони од 10,7 милиони луѓе во Грција се целосно вакцинирани и повеќе од 11 милиони ја примиле првата доза, но ширењето на варијантата делта во земјата е причина за загриженост бидејќи вчера биле пријавени 1.300 нови случаи на инфекција.

За сите оние кои не се вакцинирани во приватниот и јавниот сектор, стапува на сила задолжителното тестирање на нивна сметка, а тоа важи и за учениците од училиштата и студентите. Негативните тестови се исто така задолжителни во сите превозни средства и затворени простории. Цената на брз антигенски тест е максимум 10 евра, а ПЦР тест 60 евра.

Невакцинираните вработени мора да прават негативен тест еднаш неделно, а професорите, студентите и учениците над 12 години и вработените во туризмот, културата и медиумите мора да се тестираат двапати неделно. Часовите се одржуваат со физичко присуство и ќе бидат прекинати само доколку бројот на позитивни ученици надмине 50 проценти.

За прв пат, работодавачот има право да знае кои од неговите вработени се вакцинирани и кои мора редовно да се тестираат. Вакцинацијата веќе е задолжителна за сите вработени во домовите за стари лица и за негувателите на инвалиди, под закана од отпуштања за сите оние што се противат. Потребни се електронски здравствени сертификати или доказ за прележана болест за да се влезе во кафулиња, барови и ресторани. Маските се задолжителни во затворени простории и на отворено, ако е тоа место за собирање луѓе.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com