10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

НБМ за тв 24: Ќе има нагорна корекција на инфлацијата, но состојбата не е алармантна

Најчитани вести

Состојбата со цените не е алармантна – но ќе има нагорна корекција на проекцијата за инфлација, потврдуваат од Народната банка за ТВ24. Велат следната година се очекува стабилизација кај сите увозни цени – но дотогаш будно се следи состојбата и доколку е потребно ќе се преземат соодветни мерки.

„Во последните месеци се забележуваат изразени нагорни придвижувања кај цените на електричната енергија и гасот што може да се поврзе со влијанието на повеќе фактори, како што се растот на цените на суровините за производство, транзицијата кон зелена економија, други фактори на страната на понудата но и со зголемената посткризна побарувачка“. – НБРМ.

Стопанствениците седнаа на иста на маса со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи – доколку цените растат – ќе се интервенира за да нема драстични поскапувања на храната ова е заклучокот по средбата. Надлежните и денеска со смирувачки тонови. За механизмите со кои би се превенирал можниот растот детали нема. На средбата, за која преку соопштение информираа од Стопанската комора, вицепремиерот за економски прашања, посочил дека инфалицајата е стабилна – и во досегашниот дел од годината просечно изнесува 2,7%, со можни мали поместувања.

„Соодветно на движењата на берзанските цени, се прават стручни анализи од кои би можеле да произлезат автономни или системски мерки, кои би одговориле на предизвиците со кои се соочуваат преработувачите на кус или долг рок, соодветно“. – Стопанска комора.

Граѓаните реагираат – веќе се купуваат основните прехрамбени производи по повисоки цени.

Еден од опциите, пак кои вчера, ги најави министерот за економија, Кешник Бектеши е замрзнување на цените.

„Како главни причини за растот на цените се климатските промени, недоволната работна сила, намаленото земјоделско производство, скапите енергенси и ковид пандемијата.“

Вчера се одржа средба во Комората и во врска со предупредувањата и за можно енормно покачување на цените на енергенсите на светските берзи. А, токму растот на цените на енергенсите, што е глобален проблем во целиот свет, е една од главните причини за поскапувањата на прехранбените производи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com