Мајлс Бриџис, 24-годишниот кошаркар на НБА тимот на Шарлот Хорнетс, e обвинет за семејно насилство и физичко малтретирање. Бриџис им се предаде на властите во Лос Анџелес на крајот на јуни, откако неговата сопруга Мишел Џонсон испрати обвиненија против него на социјалните мрежи и објави слики на кои се гледаат повреди на лице и тело.
Мише потенцираше дека Бриџис во целост го уништил нивното семејство.
„Не можам повеќе да молчам за ова. Му дозволив да ни го уништи домот, да ме злоупотребува на секој можен начин и најлошо од сè, ги истрауматизира нашите деца доживотно“, напиша сопругата на НБА кошаркарот.
НБА кошаркарот пред судот ќе одговара за злоупотреба и малтретирање на деца.
„Децата кои се сведоци на семејно насилство се особено ранливи и влијанието врз нив е немерливо. Бриџис мора да одговара за своите постапки“, изјави во оваа прилика обвинителот Џорџ Гаскоњ.