Додека зборуваше на прес конференцијата со новинарите, на кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ, му заѕвони телефонот со музика „Добро јутро никоме“ од пејачката Дара Бубамара. Во салата почна да се слуша српска турбо фолк музика, а Дончиќ се насмеа и се извини на новинарите.
Балканската музика е редовна на репертоарот на ѕвездата на Далас. За потсетување, тој по татко е по потекло од Србија, а по мајка од Словенија. И во сала знаат да му ја пуштат. За време на загревањата во негова чест се слуша музика и од Наташа Ѓорѓевиќ, Недељко Бајиќ Баја и други.
Лука рече дека по дома знае да слуша и македонска музика.