35.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

На „United World of Poetry” организиран од македонски поет учесници од цел свет

Најчитани вести

Бројни учесници од цел свет беа дел од третото изданиe на меѓународниот онлајн поетски фестивал „United World of Poetry кој се одржа вчера, а чиј организатор е македонскиот поет од Велес Игор Крајчев.

“Mеѓу поетите, различните јазици не се пречка на комуникација, затоа што го зборуваат јазикот на поезијата“, потенцира Крајчев.

Меѓу учесниците беа големиот поет Хусто Хорхе Падрон од Шпанија, добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, поетот-лауреат на Сомервил и универзитетски професор на Универзитетот Масачусетс – Лојд Шварц од САД, потоа, една од најистакнатите македонски поетеси, академик Катица Ќулавкова, универзитетскиот професор на државниот универзитет UNIOESTE во Бразил – Антонио Доницети да Круз, професорот на универзитетот Линчубург во Вирџинија – Педро Лареа, САД/Шпанија, поетот-лауреат на Хардевијк, Холандија – Герт Зомер, еден од најдобрите британски перформанс поети, според весникот „Гардијан” – Марк Гвејн Џонс.

“Фестивалот „United World of Poetry” полека станува препознатлив кај голем број поетски имиња во светот, и се етаблира како значаен поетски бренд, уште еднаш ги обедини сите светски континенти и ги измеша светските јазици во еден убав поетски колаж“, потенцира Крајче

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести