5.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

На 7 мај избори за ново Претседателство на ДПМ

Најчитани вести

Изборно собрание односно редовни избори за Претседателство на Друштвото на писателите на Македонија, кое вклучува избор на претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, заедно со останатите членови на Претседателството на ДПМ, ќе се одржи на 7 мај 2022 (сабота) од 12 часот.  Гласањето ќе се одвива во просториите на ДПМ, со почитување на важечките протоколи за заштита од КОВИД-19.

Писателската асоцијација информира дека рокот за поднесување на кандидатурите е 15 април 2022. Според Статутот на ДПМ, заинтересираните писатели треба да ги поднесат кандидатурите за овие функции  заедно со Програма на најмногу три страници, која претходно треба да биде пратена до членството, како и на електронската адреса на Претседателството на ДПМ – drustvonapisateli@gmail.com.

-Во согласност со Статутот, за успешно ќе се смета гласањето во кое ќе биде обезбеден кворум со просто мнозинство од најмалку 50 проценти од вкупниот број членови на Друштвото, кое брои над 300 живи членови, што ја става маргината на над 150 присутни членови. Во спротивно, гласањето ќе биде повторено и Друштвото ќе остане без ново раководство сѐ до спроведување успешен гласачки процес, соопшти ДПМ.

Мандатот на претседателот на ДПМ, претседателот на Собранието и членовите на Претседателството на ДПМ трае четири години односно, како што наведува Друштвото – „двојно повеќе од она што беше пракса во минатото кога за мандатот за овие позиции беше во времетраење од две години“.

Актуелен претседател на ДПМ е Соња Стојменска-Елзесер која беше избрана на минатото Изборно собрание на македонската писателска асоцијација.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com