8 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

На 53 години потпиша нов договор со Јокохама

Најчитани вести

Јапонскиот клуб Јокохама објави дека ќе го продолжи договорот со 53-годишниот јапонски напаѓач Кацујоши Миура до крајот на сезоната 2020/2021, што ќе биде негова 36-та активна година во фудбалската кариера.

„Минатата сезона, поради влијанието на коронавирусот, светот беше во тешка ситуација, но благодарение на луѓето, можеме повторно да играме фудбал. Тоа беше за мене лично лоша сезона, но мојата желба и страст кон фудбалот само растат. Секој ден работам напорно, поставувајќи си цел да играм што повеќе средби и да придонесувам за победите на тимот“, изјавил, 53-годишниот фудбалер.

Миура одигра 669 натпревари во својата кариера, на кои постигна 187 голови и реализираше 4 асистенции. Во својата досегашна кариера, тој играше во клубови како Сантос, Џенова, Динамо Загреб и други.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести