Home » НА 32 ГОДИНИ Ненадејно почина актерката Чарлби Дин

НА 32 ГОДИНИ Ненадејно почина актерката Чарлби Дин

by Журнал.мк

Јжноафриканската манекенка и актерка Чарлби Дин почина во Њујорк на 32-годишна возраст по кратко боледување. Младата актерка во подем починала од ненадејна и неочекувана болест, пренесе „Вариети“.

Родена и израсната во Кејптаун како Чарлби Дин Криек, таа потпишала договор со агенција за манекенки на 12-годишна возраст. А, своето актерско деби го имаше во јужноафриканскиот филм „Сечило“ (Spud) во 2010 година. Се појави и во серијата „Црно светло“, како и во филмовите „Трка на смртта 3: Инферно“, „Крв во водата“, „Не заспивај“ и „Портхол“.

Дин е ѕвезда на претстојниот филм „Триаголник на тагата“ (Triangle of Sadness), што ја освои престижната „Златна палма“ на Филмскиот фестивал во Кан во мај. Во него глумат и Вуди Харелсон и Харис Дикинсон, а треба да се појави во кината ширум светот на 7 октомври.

Актерката беше свршена со јужноафриканскиот модел Лук Волкер. По наградата во Кан, Волкер во објава на Инстаграм напиша дека „не може да биде погорд“ на неа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk