14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

На 3 февруари ќе биде соопштена пресудата за „Еразмус“

Најчитани вести

На денешното рочиште за случајот „Еразмус“ беа изведени доказите на одбраната, на следното закажано за 10 јануари обвинети ќе ги кажат своите завршни зборови, а на 3 февруари ќе има пресуда за професорите и демонстраторот од Економскиот факултет, кои се товарат за земање пари од студенти за полагање на испити.

Професорот Бобек Шуклев, иако претходно бил предложен како сведок денеска неговата одбрана го повлече овој предлог, а сведочеа двајца обвинети, демонстраторот Драган Денковски и професорот Стојан Дебарлиев.

Демонстраторот Денковски пред Судот негираше дека имал какво било влијание врз професорите за да може да издејствува полагање на испит и оти бил задолжен да внимава на студентите да не препишуваат на испит.

Во бифето кажа дека седел често и дека имал ургенции од поранешниот вработен во бифето на Економскиот факултет, Дејан Трајковиќ.

Професорот Дебарлиев пак тврдеше дека со студентката имал коректен однос и оти често доаѓала на консултации кај него, но се било во рамки на неговите надлежности.

Сведокот Дејан Трајковиќ на минатото рочиште за случајот „Еразмус” наведе дека професорот Бобек Шуклев барал да има сексуални односи или да добие 1.000 евра за да и даде оценка на студентка на Економскиот факултет.

Обвинителството ги товари обвинетите врз основа на докази што го потврдуваат основаното сомневање дека во повеќе наврати во текот на 2015 и 2016 година, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела.

Обвинетите професори Бобек Шуклев и Славе Ристески се товарат за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание, Љ.Ј. и С.Д. за злоупотреба на службената положба и овластување, а Денковски за давање поткуп.

Кривичниот суд на обвинетите им издаде забрана да држат предавања и други работни активности поврзани со кривичното дело за кое се товарат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com