Home » На 25 години почина Ангус Клауд, ѕвездата од „Еуфорија“

На 25 години почина Ангус Клауд, ѕвездата од „Еуфорија“

by Lina Muslija

Американскиот актер Ангус Клауд, кој се прослави во наградуваната серија „Еуфорија“, почина на 25 години. Тој бил пронајден мртов во својот дом во Оукленд, Калифорнија.

Причината за смртта не е објавена, но неговото семејство објави дека Клауд го погребал татко му минатата недела и дека се борел со ментални проблеми.

„Единствената утеха ни е сознанието дека Ангус сега е повторно со татко му, кој му беше најдобриот пријател“, објави семејството на младиот актер.

Клауд имал мали улоги во два филма и се појавил во неколку музички спота, пред неговата кариера да добие голем замав со улогата на средношколскиот дилер на дрога Фез во серијата на Ејч-Би-О, „Еуфорија“. Неговиот лик дури беше проширен во втората сезона.

Серијата предизвика контроверзи со експлицитните сцени на консумирање дрога, при што Клауд во едно интервју ги негираше обвинувањата дека во „Еуфорија“ се величаат дроги.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk