13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

На 14 милиони Авганистанци им се заканува глад, предупредува Светската програма за храна (ВФП)

Најчитани вести

На милиони Авганистанци им се заканува глад поради комбинацијата од конфликтот, сушата и пандемијата на коронавирусот, изјави вчера шефот на Светската програма за храна (ВФП), повикувајќи ги политичките лидери на итно дејствување.

-Пристигнува бурата на сите бури поради неколкугодишната суша, конфликти, економски колапс, дополнително влошени од ковидот, рече Дејвид Бисли во Доха, пренесен од британските медиуми.

„Бројката на луѓе изложени на ризик од глад сега се зголеми на 14 милиони“, додаде тој.

ВФП предупреди дека Авганистан е во опасност од хуманитарна катастрофа доколку оваа агенција на Обединетите нации до септември не успее да собере 200 милиони долари.

Авганистан се соочува со економски колапс откако странските земји и институции објавија дека ќе ја прекинат помошта и ги блокираа паричните резерви откако талибанците на 15 август го зазедоа главниот град Кабул.

Бисли кажа дека меѓународната заедница се соочува со многу тешки одлуки и предупреди дека на Авганистанците ќе им следи „пекол на земјата“ доколку и натаму се влоши економската ситуација.

-На народот во Авганистан итно му е потребна помош, рече Бисли.

Бројката на лица на кои им е потребна помош од ВФП може двојно да се зголеми доколку меѓународната заедница „им го сврти грбот“ на Авганистанците.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com