20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

На 116 години почина најстарата Американка

Најчитани вести

Американка, Хестер Форд, почина во саботата на 116 години, објави нејзиното семејство на социјалните мрежи.

Форд која е родена во Јужна Каролина – 1905 или 1904 година, израснала на фарма за памук, каде што работела како земјоделка, а потоа и како дадилка. Групата за геронтолошки истражувања во САД во 2019 година ја призна Хестер како најстара Американка.

Родена околу 40 години по укинувањето на ропството, Форд ја искусила сегрегацијата, која заврши во 1960-тите. Ја преживеала и пандемијата на шпанскиот грип.

Имала 12 деца, 48 внуци, околу сто правнуци и приближно ист број праправнуци.

Причината за смртта засега е непозната.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести