-5.2 C
Skopje
Saturday, January 22, 2022

На 1 јули завршни зборови за настаните од 27 април

Најчитани вести

Завршните зборови за предметот за насилствата во Собранието од 27 април 2017 година ќе се одржат на 1 јули оваа година, соопшти денеска Кривичниот суд Скопје.

„Главната расправа за предметот КОК бр. 2/20 поврзан со настаните од 27 април во Собранието на РСМ на која е предвидено да бидат дадени завршните зборови, по претходна согласност на странките, ќе се одржи на 01.07.2021 година во 10:00 часот“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Во предметот обвиниети се поранешниот спикер Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.

Според обвинението, тие се осомничени за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Крвавите настани на 27 април се случија откако поддржувачите „За заедничка Македонија“ упаднаа во Собранието, откако тогаш опозициската СДСМ заедно со ДУИ, Алијанса за Албанците и Беса го формираа парламентарното мнозинство и го избраа Талат Џафери за собраниски спикер, по што следеше упадот, а повредени беа тогашни пратеници, новинари и други присутни во Парламентот.

Инаку, во претходен друг судски процес осудени беа 16 луѓе на затворски казни од над десет години, односно вкупно 211 години затвор за кривично дело терористичко загрозување на државниот поредок.

Дванаесет обвинети меѓу кои и тогашните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов добија амнестија. Дел од нив подоцна гласаа за промена на името во Северна Македонија.

Во случајот кој е се уште во тек, обвинетите се теретатт за организатори на настаните.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com