27.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

На јахта се вози во гламурозен фустан, а шета во шик издание: Сите гледаат во чантата на Бијонсе од 733 $

Најчитани вести

Пејачката викендот го помина во Мајами, каде „прошета“ две модни комбинации кои привлекоа големо внимание.

Една од најголемите диви во светот, Бијонсе Ноулс (39), покрај прекрасниот глас, важи и за кралица на стилот, а нејзините комбинации на облека честопати се коментираат.

Пејачката викендот го помина во Мајами, каде „прошета“ два аутфити кои привлекоа големо внимание.

Имено, Бијонсе во саботата носеше светкава сребрена блуза со деколте и соодветно здолниште со шлиц за крстарење на јахта за време на зајдисонцето со пријателите.

По гламурозното издание за на јахта, следниот ден, Бијонсе облече мини фустан со принт на скулптури, од брендот „Аун“, кој чини 270 долари.

Фустанот вклучуваше зелени и сиви нијанси, а Бијонсе исто така вклопи и долги ракавици со ист отпечаток, големи златни обетки и зелена, неонска торба „Хана“, вредна 733 долари.

„Леле, каква торба“, „Само таа може да го изнесе ова“, „Никогаш не би ја носела оваа торба, но на неа е кул“, се само некои од коментарите на обожавателите.

Како изгледаше Бијонсе во Мајами во два сосема различни стајлинзи, видете во галеријата:   

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести