На интернет кружи фотографија од Јамајка на која е јасно наведено дека доколку од океанот извадите полна кофа со отпад, во замена ќе добиете еден џоинт.
“Бесплатен џоинт за кофа полна со отпад”, е напишано на лист хартија на кој е нацртан лист од марихуана, џоинт и сонце.

Покрај натписот, на фотографијата може да се забележи и тегла полна со џоинти, а во позадина се гледа сончева јамајканска плажа.
Сè уште не е познато кој ја покренал оваа акција, но сигурно е дека реакциите од интернет публиката се одлични. Фотографијата се појавила на Редит пред два дена, но оттогаш се “преселила” и на останатите социјални мрежи, каде корисниците со воодушевување ја споделуваат како пример за добра еколошка акција./tocka.com.mk