Home » На што најчесто се жалат сопствениците на електрични автомобили?

На што најчесто се жалат сопствениците на електрични автомобили?

by Lina Muslija

Електричните автомобили го зголемуваат своето присуство во глобалната автоиндустрија, а во Европа веќе сочинуваат 15,1 процент од новите регистрации.

Според податоците на здруженијата на произведувачи на „ACEA“, во првата половина од годината тој сегмент доживеал раст на продажбата од 53,8 проценти, веќе надминувајќи го својот пазарен удел во однос на некогаш доминантните возила со дизел мотори (тука треба да се има на ум дека дизелските модели ги има се помалку на пазарот).

Од сите земји на „Стариот континент“, нордиските земји први моќно ја прифатиле електрификацијата и од тогаш по тоа прашање се оние кои го одредуваат темпото за цела Европа, истакнува „Jutarnji“.

Моментално Норвешка е земјата во која електричните автомобили се најприфатени со 84% од вкупниот број на нови, а следат Исланд, Шведска и Данска.

Меѓутоа, неодамнешното истражување кое во Франција го спровел „Monta“, дански старт-ап, во соработка со мултинационалната консултантска компанија за анализа на пазарот „YouGov“, открива дека многу купувачи на електрични автомобили не се задоволни.

Во Франција, имено, прифатеноста на електрични автомобили во европскиот просек е 12%, но од 6.167 анкетирани сопственици, повеќе од половина (54%) жалат поради својата одлука. Меѓу поизразените причини, во прв ред се истакнува зголемувањето на цената за полнење кое во Европа се дуплирало за само три години.

Меѓутоа, француските сопственици на електрични автомобили исто така го изразиле своето незадоволство и поради понудата на мрежата на полначи која на различни локации е многу променлива во смисла на тарифата и, во многу случаи, купувачот ја открива реалната цена дури откако ќе заврши со полнењето.

Моментално многу нестабилната цена на електричната енергија, недостигот на транспарентност во понудата и малата видливост на најдобрите цени за корисниците, според истражувањето, се трите причини за растечкото незадоволство кое го делат многу корисници на електрични автомобили.

Повеќето француски возачи на електрични модели притоа, наведува извештајот на „Monta“, ја нагласиле оскудната и недоволна инфраструктура на полначи што никако не придонесува за плановите за општо прифаќање на електромобилноста.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More