1.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

На холандски новинар му пукале во глава на улица, претходно добивал закани од мафијата

Најчитани вести

Познатиот холандски криминалистички новинар, Питер Р. де Врис, синоќа бил застрелан и сериозно ранет на улица во Амстердам, јави националната телевизија НОС, додавајќи дека тој бил пренесен во болница.

Амстердамскиот весник „Парул“ извести дека очевидци на пукањето рекле оти Де Врис бил застрелан во главата. Весникот објави видео од луѓе собрани околу лице што лежи на земјата.

Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема, рече дека Де Врис се бори за живот и е во кристична состојба.

Полицијата почна голема истрага по нападот, а подоцна објави дека уапсила три лица, вклучувајќи го и осомничениот за пукањето.

64-годишниот Де Врис важи за славна личност во Холандија и честопати се појавува како коментатор во телевизиски програми посветени на борбата против криминалот, односно тој е докажан репортер за криминал со доверливи извори во полицијата и подземјето.

Тој стана познат како истражувачки новинар кога во 1983 година беше киднапиран пивскиот магнат Фреди Хајнекен, а во САД го истражуваше исчезнувањето на тинејџерката Натали Холовеј во 2006 година. Во неколку случаи Де Врис добивал закани од криминалното подземје.

Во моментот тој соработувал со клучен сведок во големото судење за организиран криминал.

Според извештаите во медиумите, напаѓачот го застрелал Де Врис откога тој напуштил ТВ-студио. Де Врис претходно гостувал во директен телевизиски пренос.

Премиерот Марк Руте го нарече нападот врз Де Врис „напад врз слободното новинарство“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести